Muhammet Kurşun
26 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, поднесе оставка од функцијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, во изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА, потврди дека Зариф поднел оставка.
Зариф во објава на социјалните мрежи истакна дека нема да може да ја продолжи неговата функција.
„Упатувам благодарност до ценетиот и храбар ирански народ, и до вредните функционери поради нивната учтивост во текот на изминатите 47 месеци. Најискрено упатувам извинување поради моите недостатоци и работите кои не можев да ги реализирам додека бев на функција“, напиша Зариф.
Сè уште не е дадено одредено образложение околу причините за оставката на Џавад Зариф.