Selen Temizer
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Работната група, која беше формирана помеѓу Анкара и Вашингтон за координирање на американскиот процес за повлекување од Сирија, ќе го одржи својот втор состанок во Анкара на 28-ми февруари, пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од страна на турските власти, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на почетокот на месецот по посетата на САД изјави дека првиот состанок на работната група е одржан во САД на 6 февруари.
Работната група повторно ќе се состане во Анкара во периодот од 28 февруари до 1 март. Групата е формирана во февруари 2018 година помеѓу Турција и САД.
На состанокот во Анкара, ќе се оценуваат плановите на САД за повлекување на своите војници источно од Еуфрат и западно од градот Мунбич.
САД во моментов има повеќе од 2.000 војници во Сирија.
Пентагон, во врска со процесот на повлекување претходниот ден истакна дека како дел од меѓународните сили во североисточна и јужна Сирија ќе бидат оставени неколку стотици војници на американската војска и дека во „безбедносната зона“ нема да може да влезат турските сили и елементи на СДГ.
Што се однесува на временската рамка за повлекување, Џозеф Вотел, командат на Централните сили на САД (CENTCOM), во изјавата дадена на 11 февруари рече дека повлекувањето ќе започне за неколку недели и даде сигнал дека првите чекори на повлекувањето ќе бидат направени најдоцна во средината на март.
Според добиените информации, американски официјални претставници во неодамнешните разговори со турските колеги, истакнаа дека процесот за повлекување може да заврши до почетокот на летото, но распоредот на повлекување може да се промени во зависност од условите на теренот.
- Турција е против формулата за „коалиција“ -
Американскиот заменик државен секретар за одбрана, Патрик Шанахан, на 13 февруари изјави дека во северна Сирија ќе воспостават набљудувачки сили во рамките на Коалицијата.
Изјавата за дописникот на АА ја оцени турски официјален преставник потсетувајќи дека Турција моментално е член на Коалицијата предводена од САД во борбата против ДЕАШ. Преставникот истакна дека САД сака на Турција симболично да ѝ даде место во набљудувачката мисија за да го спречи неговото силно воено присуство во североисточна Сирија.
Плановите на Турција за североисточна Сирија е ЈПГ/ПКК да се повлече најмалку 30-40 километри јужно од границата и да се преземат воени мерки за да не можат да се вратат назад.
- Заедничката истрага за Мунбич продолжува -
За Мапата за Мунбич, во тек е заеднички истражен процес за реструктуирање на цивилните и воените власти во областа. Турција сака итно да заврши размената на информации за имињата.
Турција се спротивставува пипадниците на ЈПГ/ПКК и имињата блски до нив да учествуваат во раководствата на таа област.
Турските власти истакнуваат дека администрацијата во Мунбич треба да е компатибилна со демографската структура, а таму 85-90 отсто од населението се Арапи. За да се спроведе планот потребно е САД да ги отстранат вооружените припадници на ЈПГ/ ПКК од таа област.
- Акцент на правото на самоодбрана -
Во разговорите водени меѓу Анкара и Вашингтон, турската делегација истакнува дека во случај на повлекување на американските сили без постигнување на взаемен став за безбедноста на Турција, тој го задржува правото за легитимна самоодбрана.
Во овој случај, САД ќе мора да направат оцена што е покорисно, дали повлекување „со договор“ или „повлекување без договор“.
- „Опасност“ што ја чека администрацијата на Трамп -
Откако САД одлучија да се повлечат, Турција го истакна моментот на вакуум на моќ кој може да резултира во рамките на овој процес.
Во случај на повлекување на САД без договор со Турција, во областа од каде што ќе се повлече има можност да влезат силите на режимот на Башар ал Асад, Иран па дури и руската воена полиција.
Ваквата ситуација администрацијата на Трамп ќе ја остави во тешка позиција и внатре во САД и во надворешната јавност.
Денови по објавување на одлуката на САД дека ќе ја повлечат војската, терористичката организација ЈПГ/ПКК ги покани силите на режимот на Асад во западен Мунбич и ја предаде контролата.
Една од главните барања на Турција во процесот на повлекување на САД, е и да се одземе оружјето и муницијата што им е дадено на ЈПГ/ПКК.
Администрацијата на Вашингтон вети дека ќе го собере оружјето од ЈПГ/ПКК по завршувањето на борбата против ДАЕШ.
Турција по повлекувањето на САД не сака базите да бидат преземени од терористите, затоа, сака базите или да бидат уништени или да бидат предадени на турската Армија.