Haydar Karaalp
15 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими истакна дека милијарди долари биле прошверцувани во странство за време на режимот на соборениот лидер Садам Хусеин, порачувајќи дека во борбата против корупцијата нема да има чекор назад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Казими зборуваше на „Меѓународната конференција за враќање на украдените стоки“ што се одржа во Багдад.
Наведувајќи дека корупција имало дури и за време на периодот на секташки судири (2006-2008) во земјата, Казими рече: „Држава се гради со соочување со нашиот народ. Нашата главна цел уште од првиот ден е да се бориме против корупцијата. За ова, ние формиравме заеднички комитет со судството и институцијата за транспарентност. Овој комитет за една година откри досие за корупција што не е објавено 17 години.“
„Корупцијата и тероризмот се иста работа“, рече Казими и додаде: „Милијарди долари се прошверцувани во странство и за време на стариот режим. Во борбата против корупцијата нема да има чекор назад или деморализација.“
Салар Абдусетар, ирачкиот министер за правда, посочувајќи дека конференцијата била насочена кон оние што краделе јавни добра, рече: „Меѓународните напори се слаби во враќањето на украдената стока. Стоката што е украдена од земјата мора да се врати со меѓународна поддршка. Нашата влада инсистира на враќање на целата стока шверцувана во странство.“
Говорејќи на конкретната конференција, генералниот секретар на Арапската лига, Ахмет Ебу Гајт, нагласи:
„Како Арапска лига, даваме значење на борбата против корупцијата. Конференцијата за враќање на украдените стоки е важен чекор во борбата против корупцијата. Борбата против корупцијата е тешка задача и бара постојана соработка. Оваа соработка е важна за да се спречи корупцијата.“