Haydar Hadi
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Припадниците на ирачката војска денес влегоа во центарот на Фалуџа каде зградите на институциите ги ослободија од припадниците на терористичката организација ДАЕШ, јавува. Ирачките сили успеаа канцеларијата на сремскиот началник во Фалуџа, која припаѓа на ирачката покраина Анбар, да ја ослободат од припадиците на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на акцијата во Фалуџа, Абдулвахаб ес Саади изјави дека ирачките сили во Фалуџа ја ослободиле канцеларијата на сремскиот началник, зградата на полицијата, разузнавачките служби и локалното Собрание.
Раид Шакир, шефот на ирачката полиција, за АА ја потврди оваа информација и додека дека на зградата на канцеларијата на сремскиот началник е поставено ирачко знаме.
Ирачката војска во координација со полицијата, акцијата со цел ослободување на Фалуџа ја започна на 23-ти мај.