Mohamad Misto
22 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во Источна Гута која е под блокада на режимот на Башар ал Асад во Сирија, во последните 6 часа загинаа 25 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информираа новинарите на АА во Источна Гута, од околу 10:00 часот по локално време досега загинаа 25 цивили во бомбардирањата во Источна Гута, од кои четири лица загинале во населеното место Афтрис, пет во Хамурије, и 16 во Дума. Бројот на загинатите во насилните напади на режимот извршени во последните три дена, надмина 275 лица.
Режимот во овој период погоди 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште. Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.
Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, Асадовиот режим, чија земја гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираше блокадата на подрачјето, а во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани од регионот во кој е продлабочена хуманитарната криза, од кои стотици имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од болните се деца и заболени од канцер. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.