Emel Öz
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
АНКАРА
Во една нова студија се истакнува дека деловите од светот погодни за одгледување кафе, индиски ореви и авокадо, значително ќе се променат поради климатските промени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Би-би-си“ (BBC), истражувачите проучувале како зголемувањето на температурите и промената на врнежите ќе влијаат на одгледувањето кафе, индиски ореви и авокадо во следните 30 години.
Во студијата е забележано дека важните региони каде што расте кафето во Бразил, Индонезија, Виетнам и Колумбија ќе се намалат за околу 50 отсто до 2050 година.
Меѓу другото, се наведува дека ќе има намалување од 76 проценти во најпогодните региони за кафе во Бразил, додека оваа стапка може да достигне 63 проценти во Колумбија.
Од друга страна, во студијата се нагласува дека некои региони во Аргентина, Јужна Африка, Кина и Нов Зеланд ќе станат попогодни за одгледување кафе.
Се додава дека површините погодни за одгледување индиски ореви може да се зголемат за 17 проценти поради климатските промени.
Од друга страна, во студијата се посочува дека соодветните површини ќе се зголемат за повеќе од 80 проценти во Мексико, најголемиот светски производител на авокадо.
Во Перу, уште еден важен одгледувач, околу половина од соодветните површини може да се изгубат поради истите климатски услови.