Saadet Firdevs Aparı
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
АНКАРА
Според новото истражување, подолгото спиење може да придонесе за слабеење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на сајтот „Irish Examiner‘, тим од Универзитетот „Чикаго“ спровел клиничко испитување со 80 возрасни за да ја испита врската помеѓу спиењето и дебелината.
Истражувачите открија дека со додавање на еден час или повеќе сон во текот на ноќта се намалува дневниот внес на калории за 270 калории, а тоа може да доведе до губење на околу 12 килограми за три години само со повеќе спиење.
Истражувачите забележаа дека младите лица и возрасни со прекумерна тежина кои спиеле помалку од 6,5 часа преку ноќта, додале 1,2 часа повеќе сон навечер откако добиле совети за подобрување на нивните навики за спиење.
Резултатите покажаа дека повеќе сон го намалува вкупниот внес на калории кај луѓето во просек дневно за 270 калории, а некои луѓе внесуваат и до 500 калории помалку.
Д-р Есра Тасали од Центарот за спиење на Универзитетот „Чикаго“, истакнувајќи дека студијата не била насочена кон слабеењето, рече: „Но, дури и за само две недели имаме квантитативни докази за намалување на внесот на калории и откривме дека внесот на калории е помал од согорените калории.“
Осумдесет возрасни лица во студијата, чија исхрана не била ограничена, спиеле во сопствените кревети, нивното спиење било следено со уреди и исто така воделе нормален начин на живот без никакви упатства за диета или вежбање.
Возрасните на возраст од 21 до 40 години на почетокот на студијата имале индекс на телесна маса (BMI) од 25 до 29,9, што значи дека имале прекумерна тежина.
Резултатите од студијата објавени се во списанието „Jama Internal Medicine“.