Ecenur Çolak
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
РИМ (АА) - Доменико Лукано, градоначалникот на малиот град во јужниот дел на Италија, Ријаче, е уапсен поради обвинение дека давал поволности на илегалните мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанската новинска агенција АНСА објави дека градоначалникот е обвинет дека сторил кривично дело со давањето поволности на непријавените мигранти и илегални работи во врска со комуналните услуги.
Лукано е уапсен со одлуката на локален судија и му е одреден домашен притвор.
Ријаче е познат во Италија како општина која ги штити мигрантите и им овозможува полесно интегрирање во општеството.
Актуелната десничарска власт не ги поддржува одлуките што ги носи оваа општина, додека левичарските невладини организации и интелектуалците го истакнуваат Ријаче како општина за пример.