Ekip
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
РИМ (АА) - Италијанската Влада го одобри испраќањето на италијански поморски единици во Либија, за да помогнат во борбата против трговците со мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Паоло Џентилони рече дека оваа мерка, која ја побара Владата на Либија, претставува значаен придонес во зајакнувањето на либискиот суверенитет.
„Ова не е операција што ја водиме против суверенитетот на Либија“, додаде тој.
Деталите за операцијата, вклучувајќи ги и условите за ангажирање на поморските единици, не се откриени по одобрувањето од кабинетот на Џентилони, но премиерот рече дека Италија ќе испрати голема флота или воздухопловна ескадрила.
Оваа операција ќе биде разгледана од страна на парламентарната комисија следната недела, но Џентилони изјави дека се надева оти ќе добие целосно одобрување.
Мерката е дел од напорите во борба против шверцерите на мигранти, кои испраќаат стотици илјади мигранти во Италија.