Barış Seçkin
30 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
РИМ (АА) – Италијански патнички брод се закотви во пристаништето Цивитавечија, во Италија, поради зголемување на телесната температура кај една кинеска двојка која се наоѓала на бродот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата на италијанската агенција АНСА, во бродот за крстарење кој припаѓа на компанијата „Коста Кроциере“, имало 6.000 патници. Патничкиот брод се закотви во пристаништето Цивитавечија во западниот дел на земјата, поради зголемувањето на телесната температура кај една кинеска двојка.
Кинеската двојка најпрвин била однесена во амбулантата на бродот под сомнение за нов вид коронавирус (2019-nVoC), а потоа на испитување во Националниот институт за инфективни болести „Лазаро Спаланцани“ во Рим.
Заради мерка на претпазливост, просторијата на кинескиот пар и патниците близу таа просторија биле ставени во карантин.
Се наведува дека на бродот имало 751 кинески патник.
- Епидемија од нов вид коронавирус
Вирусот за првпат е откриен на 12 декември 2019 година во градот Вухан, кинеската провинција Хубеи. Здравствена комисија на општината Вухан на 31 декември 2019 година соопшти дека кај 27 лица кои имале контакт со пазарот за морска храна „Хуанан“ е откриена „мистериозната“ болест и дека пазарот е затворен.
Во научните студии за новиот вид коронавирус во земјата се добиени првите резултати дека генетската секвенца на вирусот е предизвикана од кинески видови лилјаци и змии. Поради тоа, трговијата со диви животни во земјата е забранета сѐ додека не заврши епидемијата.
Новиот вид коронавирус, кој се нарекува и „Вухан вирус“ поради неговото потекло, се рашири и во Франција, Канада, САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Финска и Германија, најмногу преку луѓе кои патуваат од Кина до овие земји.
Утрово, од новиот вид епидемија на коронавирусот кој е раширен низ целата земја, бројот на лицата што ги загубија животите се искачи на 170, а на лицата кои се заразени со вирусот, 7.711.