Aliia Raimbekova
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
АСТАНА (АА) - Поради ниската температура на воздухот во Казахстан, која се спушти до -35 степени Целзиусови, прекината е наставата во Астана, Караганди, Павлодар и Источен Казахстан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за јавно здравство од Канцеларијата на гувернерот на Астана соопшти дека се хоспитализирани 14 лица, од кои 4 деца, поради здравствени проблеми предизвикани од екстремно ниските температури кои во вторникот зафатија неколку подрачја во Казахстан.
Објавена е и листа на затворени станици во кои граѓаните можат да се згреат додека ги чекаат возилата на јавниот превоз, а гувернерот Бахит Султанов го повика населението да биде внимателно, доколку е принудено да престојува надвор.
Одделот за вонредни ситуации во Астана го повика населението на пат со возила да тргнува само при исклучителни потреби.
Хидрометеоролошкиот завод на Казахстан соопшти дека дневните темератури изнесуваат -27 степени, а во текот на ноќта достигнуваат и до -37 степени. Ниските температури во земјата ќе се задржат до викендот.