Dejan Maksimoviç
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
ЛОНДОН (AA) – Од руината на авионот во кој беа фудбалерот Емилијано Сала (28) и пилотот Дејвид Иботсон (59), извлечено е тело, соопштија рано утрово од Агенцијата за истражување на авионски несреќи (AAIB), пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Агенцијата рекоа дека во акцијата во предизвикувачки услови се вклучиле и специјални тимови.
„Целата акција на извлекување на телата од руината на авионот е спроведена на достоинствен начин, колку што тоа беше можно. Семејствата на настраданите мажи беа известени за текот на акцијата“, објавија од Aгенцијата за истражување на авионски несреќи.
Руината на авионот, кој исчезна пред две недели над Ла Манш, пронајдена е во близина на брегот на островот Гернзи. Авионот „Piper Malibu N264DB“ на 21 јануари леташе од Франција кон Кардиф, откако аргентинскиот фудбалер оствари трансфер од Нант во велшкиот клуб вреден 15 милиони фунти (околу 17 милиони евра).
Телото кое е извлечено од руината на авионот е однесено на островот Портланд. Не се објавени детали во врска со идентификацијата на телото и продолжувањето на истрагата.