Barry Ellsworth
01 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
ТРЕНТОН
Повеќе од 10.000 лица се евакуирани од канадската провинција Алберта поради пожарот кој го зафати тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Многумина од евакуираните се припадници на домородни и метиски заедници.
Блејк Дежарле, член на Главниот совет на Метис, изјави дека е спалено сето земјиште, уништени се водените патишта, ловечките кабини, рибарските кабини, стоката...
На подрачјето на Алберта активни беа 29 пожари. Поради густиот чад, загаден е и воздухот на пошироко подрачје.
Во меѓувреме, во северниот дел на покраината Онтарио, испратени се воени авиони и два хеликоптера за да помогнат во евакуацијата на луѓето од Пиканџикум Фирст Нејшн.
Претходно на тоа подрачје е прогласена вонредна состојба, а загрозено е земјиште од 3.000 хектари.
Истражувачите велат дека климатските промени ќе предизвикуваат сѐ почести пожари во Канада.