Beyza Binnur Dönmez
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Во селото Лајтон, во покраината Британска Колумбија, се забележани највисоки температури за Канада досега од 46,1 степен Целзиусов, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Максималните температури во текот на денот можат да бидат поголеми, затоа бидете во тек со официјалните податоци“, соопшти на Твитер „ECCC Weather“, официјалниот извор за временска прогноза и климатски услови на Канада.
Претходниот рекорд беше поставен на 5 јули 1937 година во Јелоу Грас и Мидејл во Саскачеван, кога температурите изнесуваа 45 степени Целзиусови.
Последниот рекорд во Британска Колумбија беше документиран во 1941 година со 44,4 степени Целзиусови.