Ekipa
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија регистрира 979 смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Индиското Министерство за здравство соопшти дека се регистрирани и 46.148 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 30,2 милиони, додека бројот на починати од почетокот на епидемијата порасна на 396.730.
Заклучно со синоќа, Министерството соопшти дека во земјата аплицирани се над 320 милиони дози од вакцините.
„Индија постигна уште една пресвртница во вакцинирањето против Ковид-19 и ги престигна Соединетите Американски Држави (САД) во однос на вкупниот број аплицирани дози на вакцини против Ковид-19“, се наведува во соопштението на Министерството.
Се додава дека активниот број на случаи во Индија е намален на 572.994.
Откако доживеа експоненцијален раст на бројот на случаи за време на вториот бран на пандемијата во мај, поголемиот дел од земјата сега бележи пад на новите случаи и смртните случаи.
Повеќе од 20 дена, во Индија на дневна основа се регистрирани помалку од 100.000 нови случаи.
Властите сега дозволија продолжување на повеќе активности.