Kübra Chohan
25 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
ДОХА (АА) - Шаховската федерација на Катар соопшти дека нема да учествува на Светското првенство во брзопотезниот шах кој од 26 до 30 декември ќе се одржи во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Причина за катарското неучество на Светското шаховско првенство во Ријад е одлуката на организаторот за забрана на истакнување на катарското знаме за време на натпреварите.
„Тоа не е фер одлука на организаторот кон натпреварувачите, и истовремено претставува грубо кршење на меѓународната норма“, се наведува во соопштението на катарската шаховска федерација.
Претходно, Светската шаховска федерација (FIDE) соопшти дека на првенството во Ријад нема да учествува и селекцијата на Израел, бидејќи домаќинот Саудиска Арабија на израелските шахисти не им ги издала потребните визи.