Ali H. M.Abo Rezeg
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ДОХА (АА) - Катарскиот кабинет го одбри нацрт-законот според кој им е дозволено на лицата кои не се од Катар да имаат постојан престој во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката беше донесена на состанокот на Кабинетот доцна синоќа, со кој претседаваше премиерот и министерот за внатрешни работи Шеик Абдула бин Насер бин Калифа ал-Тани.
Според катарската официјална новинска агенција, нацрт-законот, доколку се донесе, им дозволува на странските државјани да имаат постојан престој во државата.
Според одредбите на нацрт-законот, дозволите за постојан престој ќе бидат доделени само со изрична дозвола од страна на министерот за внатрешни работи.
„На оние лица кои имаат статус на постојан престој ќе им бидат овозможени и голем број на други привилегии, вклучувајќи го и третманот како катарски граѓани во однос на образованието и здравствената нега”, објави новинската агенција.
Исто така, оние кои ќе добијат дозвола за постојан престој ќе имаат и приоритет, по државјаните на Катар, при аплицирање за работа во воени и јавни институции.
Тие, исто така, ќе имаат право и на поседување на имот и вршење на комерцијални активности во Катар без потреба на партнер.
Министерството за внатрешни работи во моментот е во процес на формирање специјална комисија за обработка на барањата за дозвола за постојан престој.
Претходно, странските државјани кои живееја во Катар мораа да вршат обнова на своите дозволи за привремен престој.