Burç Eruygur
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Украина уништи речиси половина од потенцијалот на Русија, „главната закана на НАТО“, изјави денеска шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Андри Јермак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Украина веќе уништи речиси 50 отсто од потенцијалот на Русија, главната закана на НАТО“, напиша Јермак на Телеграм.
Тој, исто така, нагласи дека членството на Украина во НАТО дефинитивно ќе ја зајакне Алијансата.
Јермак ги даде овие изјави откако нападите со беспилотни летала и ракети врз главниот град на Украина, Киев, и други градови влегуваат во втората недела.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека над 230 беспилотни летала и десетици проектили биле соборени во текот на изминатиот месец во Украина.
„Нападите со беспилотни летала и ракети во земјата имаа влијание особено врз клучната инфраструктура“, рече тој, додавајќи дека се уништени три енергетски капацитети.
Тој се осврна и на големите прекини на струја во земјата во текот на денешниот ден.
Во вторникот, Јермак рече дека неодамнешните напади со беспилотни летала и ракети во земјата нема да ја нарушат волјата на нацијата.