Ömer Tuğrul Çam
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
БРИСЕЛ (АА) - Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) донесоа одлука за нови санкции кон Иран со образложение дека Иран испратил беспилотни летала во Русија за да бидат користени во војната во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на претседавачот на ЕУ, Чешка, санкциите ќе бидат спроведени бидејќи овие беспилотни летала биле користени за напади на Украина.
Во рамки на оваа нова одлука, санкции ќе бидат спроведени против тројца ирански државјани и една иранска организација.
Санкциите на ЕУ содржат замрзнување на имотите, забрана за патување и забрана за финансирање. Се очекува санкциите да стапат во сила откако денеска ќе бидат објавени на Службениот весник на ЕУ.