Fuat Kabakcı
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
АНКАРА
Во кинеската автономна област Гуангси Џуанг лицето задолжено за обезбедување во едно забавиште со нож повреди 39 лица, главно деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во кинеските медиуми, во местото Вусанг, кое се наоѓа во подрачјето на градот Вукоу, напаѓачот со презиме Ли кој како обезбедување работел во едно забавиште, со нож повредил 39 лица, главно деца, како и воспитувачите.
Според првичните информации, сите повредени се префрлени во болница. Две лица се потешко повредени.
Напаѓачот е приведен и започната е истрага во врска со настанот.
Засега не е позната причината за нападот.
Во последните години во Кина, во училиштата или на јавни места често се случуваат вакви настани.