Mahmut Atanur
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ЏАКАРТА (АА) – Во Кина, за првпат, нема случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, кои потекнуваат од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, Националната здравствена комисија соопшти дека 34-те нови случаи „Ковид-19“ забележани вчера во Кина, се откриени кај луѓе кои дошле од странство.
Претставници на Комисијата истакнаа дека во Пекинг се откриени 21 нов случај на Ковид-19, во Шангај 2, во Гуангдонг 9, а во покраините Хејлонгџианг и Џиџианг по еден случај и дека во сите тие случаи вирусот е „увезен“.
Властите исто така посочија дека заклучно со вчерашниот ден, бројот на „увезени случаи“ во земјата достигна до бројката 189.
Ковид-19 кој се појави во градот Вухан, кинеската покраина Хубеи, во декември 2019 година, за многу кратко време се рашири низ целата земја.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.