Yusuf Şahbaz
31 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ИЗМИР (АА) – ЈУСУФ ШАХБАЗ -
По појавата на новиот вид коронавирус (2019-nVoC) во Кина, побарувачката за маски во оваа земја е зголемена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кинеските власти во последните 10 дена од медицинските компании во Турција побарале 200 милиони маски.
Една од мерките за претпазливост, што се преземаат за коронавирусот, е маската. Кина, која е една од најголемите производители на маски во светот, по појавата на вирусот не можеше да ја исполни побарувачката за маски од домашниот пазар, па затоа се сврти кон надворешниот пазар.
Турција, која е извозник на маски, се наоѓа на врвот на листата на земји од кои Кина побара да купи маски. Затоа е забележана поголема работа во секторот за производство на маски.
Производителите, кои сакаат да ја задоволат побарувачката на Кина, со прекувремено работење го продолжуваат производството.
Фатих Арпаџи, еден од партнерите на компанијата „Ак-Јел Медикал“, која работи во Измир, во изјава за АА рече дека 17 години произведува маски.
Истакнувајќи дека од неодамна има побарувачка за маски од страна на Кина, Арпаџи рече:
„Оваа ситуација нас нè изненади бидејќи Кина е еден од најголемите производители на маски во светот. Мислиме дека поради вирусот немаат доволна залиха. Во Турција на годишно ниво се произведуваат 150 милиони маски. Но, од Кина има побарувачка за 200 милиони маски. Кинеските компании контактираат со нашите фирми“, нагласи Арпаџи.
- Производителите на маски работат 24 часа
Арпаџи, исто така, рече дека и земјите што купувале маски од Кина, почнале да контактираат со Турција за купување маски. Тој информираше дека неговата фирма во првата етапа ќе испрати 250 илјади маски во Кина.
„Бараат голем број маски. Нашиот капацитет е познат. Контактиравме и со фирмите со кои претходно имавме деловни врски. Има побарувачка од земјите како што се Италија, Холандија, Франција, Полска, Германија. Работиме 24 часа за да го постигнеме потребното производство. Работиме и во недела.“