Riyaz Khaliq Khaliq
11 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина ја суспендира својата политика за слободен транзит со Јужна Кореја и Јапонија, заземајќи уште еден силен став како одговор на ограничувањата на двете земји за кинеските патници поради прашањето во врска со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кина го суспендира издавањето пристанишни визи и политиката за безвизен транзит од 72/144 часа за јужнокорејските и јапонските граѓани“, кинеската Национална администрација за имиграција во соопштение ја информира државната телевизија ЦГТН (CGTN).
Последниот потег беше направен откако Пекинг го суспендира издавањето визи за јапонските граѓани и го запре издавањето краткорочни визи за Јужнокорејците.
Пекинг ги донесе овие одлуки откако неколку земји, вклучително Јужна Кореја, САД, Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција, Мароко, Катар, Канада, Грција, Малезија, Финска и Холандија, побараа патниците кои пристигнуваат од Кина, да имаат негативни резултати од тестот за Ковид-19.
Кина ја отфрли својата политика „Нулта Ковид“ во неделата, овозможувајќи целосно меѓународно патување.
Сепак, најголемата населена нација во светот забележа пораст во дневните случаи на заразување со вирусот.