Oktaj Omeragikj
23 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
СКОПЈЕ
Бројот на починати во пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се искачи на над 3,46 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последиците предизвикани од Ковид-19 починале 3.469.014 лица.
Најголем број смртни случаи во светот до денес има во Соединетите Американски Држави (САД), каде што досега починаа 603.876 заразени.
Земји во светот, по САД, во кои од последиците на заразеност со коронавирусот починаа над 20.000 лица, се Бразил со 448.291, Индија со 299.296, Мексико со 221.597, Велика Британија со 127.716, Италија со 125.153, Русија со 118.125, Франција со 108.526, Германија со 87.960, Колумбија со 84.228, Шпанија со 79.620, Иран со 78.381, Аргентина со 73.688, Полска со 72.882, Перу со 67.807, Јужноафриканска Република со 55.772, Украина со 49.368, Индонезија со 49.205, Турција со 46.071, Чешка со 30.020, Романија со 29.885, Унгарија со 29.519, Чиле со 28.386, Канада со 25.203, Белгија со 24.823, Пакистан со 20.251 и Еквадор со 20.180 починати.
Од почетокот на заразата со новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан и набргу се прошири низ целиот свет, досега регистрирани се 167.060.124 случаи, додека од вирусот оздравеа 148.000.982 заразени.
Продолжува лекувањето на 15.590.128 лица, од кои 97.388 се во тешка состојба.