Hakan Çopur
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
ЊУЈОРК (АА) - Неколку илјади луѓе демонстрираа во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) со осуда за израелските напади врз Палестинците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Санисајд во Квинс, тие маршираа низ улиците во знак на поддршка на Палестина и Палестинците.
Масата луѓе што почнаа да се собираат на градскиот плоштад, носејќи знамиња на Палестина, извикуваа: „Слобода за Палестина“ и „Слобода за Газа“.
Демонстрантите исто така ги осудија израелските напади врз Газа, како и поддршката на американската администрација за Израел.
Прошетката, одржана под силни безбедносни мерки, заврши без инциденти.
За време на викендот, во повеќе градови низ САД ќе се одржат разни собири и демонстрации за поддршка на Палестина.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 279 Палестинци, меѓу кои 69 деца и 40 жени, додека 1.910 беа повредени.