Jeyhun Aliyev
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
КЕМБРИЏ (АА) - Медиумскиот консултант на истакнатиот британски пејач-текстописец и филантроп Јусуф Ислам (Кет Стивенс), премина во ислам во Централната џамија „Кембриџ“, новоинаугурирана од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Кембриџ, Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По петочната молитва минатиот петок, Педро Карвалхо разговарал со имамот на џамијата, Али Тос, во врска со потребата на христијанскиот свет подобро да го запознае исламот.
Карвалхо вели дека пречките за осознавање на религијата треба да бидат отстранети и дека за исламот научил многу додека работел со муслимани.
Тој му кажал на имамот за неговата намера да стане муслиман, но дека го чекал вистинскиот момент за тоа.
„Ако го чекате вистинскиот момент за тоа, вистинскиот момент е токму сега. Ние живееме во свет каде што немаме гаранција за следната секунда, според тоа вистинскиот момент е сега“, вели Тош.
Откако го замолил имамот да му каже како се станува муслиман, Карвалхо и Тош се упатиле кон џамијата „Кембриџ“ каде што консултантот за медиуми преминал во ислам.
Карвалхо за АА изјави дека прифаќањето на исламот за него претставувало едно цело патешетвие. „Сè е поврзано со моите чувства кон Семоќниот“.
Карвалхо раскажа дека таквата одлука дошла одвнатре, од неговото срце.
„Ова чувство е дел од мојата душа, дел од мене, еден ден ќе го сретнам мојот Создател, денес се чувствувам многу посреќен“, додаде тој.
Британскиот пејач - познат и како Кет Стивенс, кој стана муслиман пред повеќе од 40 години - му честиташе на својот медиумски консултант, додека свршеничката на Карвалхо, којашто исто така има преминато во ислам, заедно со нејзиното семејство го поддржале во неговата одлука.