Barış Seçkin
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека сигналите што ќе бидат испратени до Анкара од Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) треба да бидат јасни и дека не треба да ја зголемат тензијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Конте на Генералното собрание на Претставничкиот дом, долниот дом на Парламентот, се осврна на прашањата што треба да се дискутираат на Самитот на лидерите на ЕУ што ќе се одржи во Брисел на 10-11 декември.
Истакнувајќи дека на Самитот ќе се дискутира за многу важни теми, Конте рече дека ќе се разговара и за односите меѓу ЕУ и Турција.
„Од суштинско значење е ЕУ да зборува со единствен глас, солидарно и тоа да биде убедливо. Сигналите што ќе бидат испратени до Анкара од Самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) треба да бидат јасни и не треба да ја зголемат тензијата. Тоа не го сакаме“, рече Конте.
Тој посочи дека Турција има сојузници во НАТО. „Прозорецот на можност треба да го држиме отворен за промовирање на позитивната агенда. Зголемувањето на тензијата, особено со сојузник во НАТО не е во интерес на Европа.“
- „Ние го поддржуваме барањето на Германија за брзо решение“ -
Осврнувајќи се на дискусијата за буџетот од 1,8 билиони евра и пакетот за спас за кого Унгарија и Полска ставија вето поради условот за владеење на правото во ЕУ, премиерот Конте рече:
„Економскиот одговор на Европа треба да биде ист со одговорот кој го даде во областа за здравството како реакција на епидемијата на Ковид-19. Треба итно да се изнајде решение кое ќе го надмине ветото на Унгарија и Полска. Ние го поддржуваме барањето на Германија за брзо решение.“