Bilgin S. Şaşmaz
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго, оваа година се одржа 13. Трка „CHIditarod” на која маскирани натпреварувачите се тркаа со колички од супермаркети, јавува Anadolu Agency (AA).
Како пародија на најдолгата трка во светот на санки со кучиња што се одржува на Алјаска, во Чикаго се одржува трката „CHIditarod“, на која наместо санки се користат колички од супермаркети, а наместо кучиња, луѓе облечени во специјални костими.

Во трката учествуваа околу 100 натпреварувачки екипи со по најмалку 5 членови.
Трката во Чикаго започна во населбата „Украинско село”, а натпреварувачите се бореа да стигнат до контролните точки.

Натпреварувачите ја збогатија трката со својата шаренолика гардероба. Некои беа облечени како пештерски луѓе, некои како познати ѕвезди, полицајци и криминалци и луѓе од средниот век.
Организаторите на трката, која ја следеа повеќе стотици присутни, соопштија дека ќе им донираат 50.000 долари на добротворни организации.