Yusuf Hatip
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија упати апел до Израел да се откаже од уривањето на куќите и трлата на бедуините во местото Хан ал Ахмар на окупираната територијата на Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Европската комисија изјави: „Планот на Израел по уривањето на домовите на истата територија да гради нови еврејски населби претставува закана за изнаоѓање дводржавно решение и создавање траен мир“.
Истакнувајќи дека политиката на Израел за градба на еврејски населби е во спротивност со меѓународното право, во соопштението се вели: „ЕУ очекува Израел да ја повлече одлуката и да ги исполни сите обврски кои потекнуваат од меѓународното право“.
Израелските војници вчера наутро ги затворија патиштата кои водат кон Хан ал Ахмар и појасот Абу ал Невар, каде што живее бедуинската зедница, сместени од страната на Западниот Брег на ѕидот на поделба во Источен Ерусалим, по што беа урнати 40 куќи и трла во Абу ал Невар.
По несогласувањето на Палестинците поради уривањето на куќите и трлата на бедуините во Хан ал Ахмар, реагирале израелските војници, удирајќи поголем дел од Палестинците, а некои биле приведени.
Врховниот суд на Израел во мај донесе одлука според која е потребно да се урнат монтажните бараки во кои живеат 190 Палестинци и во кои се школуваат 170 ученици кои доаѓаат од околните места.
Во споменатото место живее население кое Израел присилно го исели од Негевската Пустина во 1953 година.
Хан ал Ахмар е дел од израелскиот проект Е1 кој предвидува „иселување на Палестинците“ од територијата која се протега на површина од 12.000 декари од Источен Ерусалим до Мртвото Море.
Палестинската страна истакнува дека Израел, со уривањата го принудува иселување на бедуинското население од регионот, сѐ со цел да ги поврзе еврејските населби.