Jo Harper
06 Февруари 2025•Ажурирај: 07 Февруари 2025
ВАРШАВА (АА) - Европската унија (ЕУ) би можела да се вмеша во мајските претседателски избори во Полска, изјави вденес полскиот претседател Анджеј Дуда, известува Анадолу.
„Брисел не ги сака конзервативците кои владеат во Полска“, нагласи Дуда за Радио Зеро.
На изборите за наследник на Дуда, чиј втор и последен мандат завршува во август, ќе има двајца главни ривали - независниот кандидат Карол Навроцки, поддржан од десничарската партија Право и правда (ПиС) и Рафал Трзашковски од центристичката Граѓанска платформа (ПО).
Кога беше на власт во периодот од 2015 со 2023 година, ПиС често го обвинуваше Брисел дека ги скратува средствата на ЕУ врз основа на за како што тврдеше дека се лажни приговори.
Европската комисија во неколку наврати соопшти дека средствата се задржани поради демократското назадување на Полска во однос на независноста на медиумите и судството.
Дуда денес излезе со тврдење дека Брисел се вмешал во неодамнешните претседателски избори во Романија.
„Си поставувам прашање и сериозно размислувам, бидејќи слушнав изјави на истакнати членови на Европската комисија дека се мешале во романскиот случај“, рече Дуда и додаде:
„А тоа навистина не ми се допаѓа, бидејќи тие и претходно се мешаа во полските работи“.
Во декември, Уставниот суд на Романија го поништи првиот круг од претседателските избори одржани претходниот месец, на кој победи Калин Георгеску, националистички кандидат кој се смета за проруски ориентиран.
„Можно ли е денес на изборите во одредени земји - навидум демократски - да победат само оние кои се прифатени во Брисел? Имам таков впечаток и не ми се допаѓа многу“, рече Дуда.
Тој тврди дека ‘денес постои реална закана за демократијата, а примерот на Романија многу јасно го покажува тоа’.
Дуда изрази загриженост дека во Полска ‘демократијата ќе стане целосна фасада и дека ќе се случи никогаш некој друг нема да може да победи на изборите’.