Enes Canlı
02 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
КУДС (АА) - Околу 200 илјади луѓе присуствуваа на бајрамската молитва во џамијата Ал-Акса во источен Кудс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на администрацијата на Исламскиот вакаф во Кудс, на одбележувањето на еден од двата најголеми празници за муслиманите присуствувале 200 илјади луѓе, а некои од собраните Палестинци носеа транспаренти против израелската окупација.
Првите часови од Бајрам во Кудс, како што јави новинарот на АА, поминуваат во свечена атмосфера, а на полните улици можат да се видат Палестинци од различна возраст.