Dmitri Chirciu
12 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека во нападите на руската војска на градот Мариупољ во изминатите 12 дена животот го загубиле 1.582 цивили, известува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека руските воени единици го блокирале градот Мариупољ и ги бомбардираат тамошните цивили.
„Во окупираниот Мариупољ во моментов се случува најстрашната хуманитарна катастрофа на планетата. За 12 дена загинаа 1.582 лица. Мртвите се закопани во масовни гробници“, напиша Кулеба.
Напоменувајќи дека Русија го спречува влезот на хуманитарната помош во градот, Кулеба порача дека им се потребни авиони за да се спречи тоа.