Mehmet Şah Yılmaz
11 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека светот се соочува со многу тешкотии и предупреди дека прекуграничната миграција на 14,5 милиони луѓе има голем број последици и може да предизвика војни кои би можеле да доведат до погрешни проценки и зголемување на кризите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гутереш со видеопорака им се обрати на учесниците на тридневниот Дипломатски форум во Анталија (ДФА). Форумот се одржува во Конгресниот центар НЕСТ, а негов глобален комуникациски партнер е АА.
Нагласувајќи дека Форумот се одржува во многу тежок период, Гутереш рече дека дипломатијата е единственото можно решение за сите тешкотии со кои се соочува светот.
„Благодарение на идејата врз основа на која се формира духот на Повелбата на ОН, успеавме да се држиме настрана од војните со генерации“, рече Гутереш.
Годинешната тема на ДФА е „Прекодирање на дипломатијата“, а Гутереш потсети дека главната идеја при пишувањето на Повелбата на ОН била дипломатијата секогаш да биде во прв план. Тој додаде дека е неопходно обновување и прекодирање на дипломатијата за таа повторно да биде ефективна.
Гутереш истакна дека треба да се почитува меѓународното право, слободата на државите и еднаквоста меѓу државите и истакна дека дипломатијата е жив процес.
„Прекодирањето на дипломатијата значи вложување немилосрдни напори за мирни решенија. Каде и да сме, дури и во средина на насилство и тешкотии, тоа е нашата единствена мисија и наша единствена обврска“, порача Гутереш.