Burç Eruygur
19 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, по средбата со неговиот грчки колега Никос Денидас објави дека Грција започнала да испорачува пешадиски борбени возила во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го цениме оружјето што Грција ѝ го пренесува на Украина за да можеме да ја одбраниме нашата земја. Многу е важно што долгоочекуваната испорака на БМП-1 за Украина од Грција веќе започна. Наскоро таа ќе пристигне до нашата Армија и веднаш ќе ја зајакне борбената готовност и одбранбената способност на нашата земја“, изјави Кулеба.
Тој, исто така, изрази благодарност до грчката страна за помошта, додавајќи дека се размислува и за поднесување барање за набавка на опрема за противвоздушна одбрана.
Грција и Германија на 31 мај се договорија за размена на оружје во корист на Украина, договор објавен од германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од дводневниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел.
„Атина ќе испрати постари БМП-1 во Украина од сопствената залиха, а Берлин за возврат ќе испорача посовремена опрема - Мардер 1А3 - во Грција“, објави државната новинска агенција АМНА.