Zeynep Beyza Kılıç
19 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - „Росатом“ започна преговори со Туркије за изградба на нуклеарна централа во Синоп на брегот на Црното Море, изјави денеска генералниот директор на руската државна агенција за атомска енергија „Росатом“, Алексеј Лихачев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нуклеарната централа „Синоп“ ќе биде вториот нуклеарен проект на земјата, по првата нуклеарна централа во земјата, проектот „Акују“, што е во изградба.
Договорот за централата „Акују“ беше потпишан во 2010 година, чиј прв реактор треба да биде пуштен во употреба следната година.
Туркије има приоритет на енергетската безбедност како резултат на енергетската криза, ставајќи ја нуклеарната енергија во првите редови на своите енергетски планови.
Лихачев за руската државна телевизија „Росија-24“ изјави дека локацијата Синоп е погодна за изградба на централа од големи размери со четири енергетски единици.
Тој, исто така, откри дека започнале разговорите со турските деловни партнери за формирање технолошки сојузи и за започнување инвестициска политика за обликување на турскиот енергетски пазар.