Büşra Selvi Öğütcen
07 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
САН ХУАН (АА) - На предвремените општи избори што се одржаа во Доминика победи Лабуристичката партија на премиерот Рузвелт Скерит, известува Агенција Анадолија (АА).
Изборната канцеларија на Доминика ги објави неофицијалните резултати од предвремените општи избори одржани вчера во земјата.
Канцеларијата на Изборната комисија на Доминика ги објави неофицијалните резултати од предвремените општи избори што се одржаа вчера.
Во соопштението се наведува дека Лабуристичката партија на Доминика (ДЛП), предводена од премиерот Скерит, освоила 15 од 21 пратеничко место во Парламентот.
Опозициските Обединета лабуристичка партија (UWP) и Партијата на слободата на Доминика (DFP) не предложија свои кандидати, бидејќи ги бојкотираа изборите барајќи „изборни реформи“.
По објавените неофицијални резултати, Скерит, чија партија го има мнозинството во Парламентот, се смета дека со сигурност повторно ќе биде премиер.
Педесетгодишниот Скерит, кој ја извршува функцијата премиер на Доминика од 2004 година, најави дека на изборите во 2022 година се кандидира последен пат.
Доминика има еднопарламентарен законодавен систем составен од 30 места, од кои 21 се одредуваат на општи избори, а деветмина се сенатори кои може да ги именува претседателот или други членови на Парламентот.
По изборот на Парламентот кој има петгодишен мандат, претседателот за премиер го назначува лидерот на мнозинската партија во Парламентот.
На претходните општи избори што се одржани на 6 декември 2019 година, Лабуристичката партија на Доминика, предводена од премиерот Рузвелт Скерит, освои 59 отсто од гласовите и доби 18 од 21 место во Парламентот. Обединетата лабуристичка партија доби 3 пратеници и тоа е причината поради кои бара измена на изборниот закон.