Ahmet Gürhan Kartal
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
ЛОНДОН (АА) - Водечката британска Конзервативна партија загуби на локалните избори од лабуристите и другите партии во првичните резултати од цела Англија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дел од 146 совети објавија резултати пред зори, од кои се гледа дека конзервативците изгубија десетици советнички места, при што имаат 293 од вкупно 4.350 места во Англија.
Лабуристичката партија досега има освоено 553 места, а либералдемократите 119, според раните неофицијални резултати, додека конзервативците загубија 62 од претходните места.
Конзервативците досега освоија 15 совети, лабуристите 19, а либералдемократите, 2.
Целосните резултати се очекуваат околу пладне.
Вкупно 4.350 места во 140 совети низ Англија се оспоруваат на изборите, додека сите места на 32-та совети на Шкотска и 22-та совети на Велс се во избор.
Гласачите од Северна Ирска гласаа за пополнување на нивниот локален парламент со 90 места.
Во Шкотска и Велс пребројувањето ќе започне денеска, најраните резултати се очекуваат попладне, а повеќе резултати во вечерните часови.
Пребројувањето во Северна Ирска, исто така, започнува денес во 9 часот, а првите резултати се очекуваат околу пладне.
Целокупното гласање низ Велика Британија ќе покаже дали водечката Конзервативна партија ја изгубила јавната поддршка поради незаконските забави за време на карантинот и поради некои други општи проблеми, вклучително и кризата со трошоците за живот.
Лошиот резултат за Ториевците може да поттикне лидерски натпревар за да го замени Борис Џонсон како партиски лидер и премиер.
Резултатите во Шкотска се очекува да покажат поддршка за вториот референдум за независност, кој лидерот на најголемата партија, Шкотската национална партија (СНП), вети дека ќе го одржи до крајот на 2023 година.
Во Северна Ирска, националистичката партија Шин фејн се предвидува да излезе како најголема партија за првпат, оставајќи ја зад себе Демократската унионистичка партија (ДУП), резултат што може да види месеци на неизвесност за кревкиот политички систем во земјата.
Вкупниот глас што ќе го добие Шин фејн, исто така, ќе биде индикативен за преземање чекори за обединета Ирска.