Ekip
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска во Анкара изјави дека доколку украинската страна е подготвена да ги исчисти мините за коридорот низ Црното Море, подготвена е и неговата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата по средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, Лавров рече дека неговата земја придава големо значење на напорите на турските пријатели за коридорот на Црното Море и дека ова прашање е важно.
„Доколку украинската страна е подготвена да ги исчисти мините поради коридорот низ Црното Море, подготвена е и Русија. Подготвени сме за сите активности насочени кон обезбедување на бродовите што пловат од украинските пристаништа“, нагласи Лавров.
Осврнувајќи се на војната во Украина, Лавров рече дека „јавноста многу добро ги знае целите на нашите воени операции и ние ќе ги постигнеме тие цели“.
Една од темите на средбата со турскиот колега беше и ситуацијата во Сирија.
„Ние ја земаме предвид чувствителноста на нашите турски пријатели во однос на заканите од странските сили на [сириските] граници“, рече Лавров, додавајќи:
„САД нелегитимно хранат некои организации [во Сирија].“