Ali Cura
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти дека Русија не сака да врши притисок врз процесот на формирање уставна комисија за сирискиот проблем, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, по средбата со министерот за надворешни работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, одржа заедничка прес-конференција, на која даде оценка за состојбата во Сирија.
Лавров информираше дека во тек се активности околу формирањето на уставниот комитет, со цел изнаоѓање политичко решение за Сирија. „Во овој период, не гледаме причина за вршење притисок за доделување изнуден датум за почетокот на работата. Тука најважно нешто е квалитетот“, рече Сергеј Лавров, рускиот шеф на дипломатијата.