Ayhan Şimşek
16 Февруари 2019•Ажурирај: 17 Февруари 2019
МИНХЕН (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес на Минхенската безбедносна конференција изјави дека неговата земја ќе го почитува меѓународото хуманитарно право во сириски Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавров изјави дека во моментот во Идлиб се вложуваат напори да се имплементира Меморандумот за воспоставување на демилитализирана зона, кој минатата година го потпишаа Москва и Анкара.
„Претседателите на Русија, Турција и Иран, се состанаа пред два дена во Сочи и разговараа за оваа ситуација. Договорено е војската на Русија и Турција, со согласност од Владата на Сирија, да се обидат да воспостават пристап, чекор по чекор, во неколку подрачја во зоната без судири, во зоните на заедничко патролирање“, изјави Лавров.
Тој истакна дека војската во моментот работи на планирање, во согласност со меѓународното хуманитарно право.
„Сигурно тоа нема да го направиме на начин на кој се елиминирани терористите во Рака, каде што сѐ уште имаме трупови на цивили, и мини, до кои никој не може да пристапи“, изјави Лавров, алудирајќи на воената операција против ДЕАШ поддржана од Соединетите Американски Држави (САД).