БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.311 лица во Бразил, 168 во Мексико, 529 во Аргентина, 596 во Колумбија, 147 во Перу, 218 во Чиле, 22 во Еквадор, 98 во Боливија, 113 во Парагвај, 22 во Гватемала, 32 во Уругвај и 22 во Костарика.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.311 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 496.004.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 74.042, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.702.630.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.077.483 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 168 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.253 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 230.792 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.467.643. Досега во оваа земја оздравеа 1.964.300 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 529 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 87.789. Во истиот период детектирани се 23.780 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.222.400.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.818.346 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 596 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 98.156.
Во последното деноноќие детектирани се 29.945 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.859.824. Во оваа земја досега оздравеа 3.589.895 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 147 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.494 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.019.716, од кои животот го загубија 189.757 лица, а оздравеа над 1.975.840 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 218 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 31.140.
Во истиот период регистрирани се нови 6.683 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.498.231, а оздравеа вкупно 1.426.275 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 22 смртни случаи, вкупно 21.175 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.161 новозаразен, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 442.341.
Досега во Еквадор оздравеа 407.512 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 98 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.682.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 417.195, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.924. Досега оздравеа 332.662 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 113 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.482 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 401.243, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.294.
Досега оздравеа 335.857 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 22 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 8.549 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.725 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 276.927.
Досега во оваа земја оздравеа 250.772 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 32 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.152.
Во истиот период детектирани се 2.164 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 348.662 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 313.388 лица заразени со Ковид-19.
- Костарика
Според вестите објавени во националните медиуми на Костарика, во последните 24 часа во оваа земја од последици на Ковид-19 животот го загубија 22 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 4.459.
Во истиот период детектирани се 1.869 лица позитивни на коронавирусот, вкупно 349.026, додека бројот на лица што го прележале Ковид-19 се искачи на 267.769.