İdiris Okuduci
22 Јануари 2024•Ажурирај: 23 Јануари 2024
БЕЈРУТ (АА) - Либанската група Хезболах вчера соопшти дека со ракети гранатирала израелски војници што се подготвувале за напад на Либан, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Хезболах се наведува дека израелски воен пункт каде е подготвуван напад на либанската територија, бил цел на проектили во близина на јужниот пограничен регион.
Нападот, како што се наведува, резултирал со прецизен удар, при што има жртви и повредени на израелска страна.
Тензиите по должината на границата на Либан со Израел ескалираа поради размена на прекуграничниот оган меѓу Хезболах и израелските сили.
Тоа следуваше откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Според податоците што ги објави либанската група, најмалку 164 припадници на Хезболах се убиени откако во октомври избија судири меѓу двете страни.