Enes Canlı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Владата на Либија соопшти дека изјавите на египетскиот претседател Абделфетах ал Сиси кои содржат закана за воена интервенција врз Либија, ги смета за мешање во внатрешните работи на Либија и за објава на војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Не се прифатливи изјавите на египетскиот претседател во насока на поддржување на пучистите милициите и платените војници во Либија, кои се сметаат за мешање во внатрешните работи и обесчестување на сувереноста на Либија. Ваквите изјави се сметаат за непријателски чекори, како и отворена интервенција врз внатрешните работи и објава на војна“, се вели во соопштението на прес-службата на либиската Влада.
Што се однесува до изјавите на Сиси во врска со постигнување воен договор со Либија, се вели дека Владата е единствен легитимен претставник на либиската држава, која има право сама да го определи начинот и видот на постигнатите договори и сојузништва.
Според либиската влада, до овој процес тие упатле апел за политичко решение, но лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, и неговите поддршувачи извршиле напади во либискиот главен град, и дека голем број земји во овој процес биле само гледачи на прекршувањата и кривичните дела на Хафтар.
Во соопштението се нагласува дека откако Хафтар беше поразен, овие земји за кои станува збор почнаа да зборуваат за „политичко решение и дијалог“, и дека сега и овие земји се закануваат со воена интервенција.
„Либија во целост е црвена линија, и црвените линии не се определуваат со силни изјави туку со крвта на шехидите“, се додава во соопштението.