Hamdi Yıldız
10 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ТРИПОЛИ
Либискиот министер за надворешни работи, Мухамед Сејале, со претставниците на Мисијата на ОН за Либија, разговараше за повикот на Турција и Русија за прекин на огнот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Либија, во соопштението на Твитер истакна дека Сејале и претставници на Мисијата се сретнале во Триполи.
За време на средбата, се разговараше за Либиската конференција која ќе се одржи во Берлин и за повикот на Турција и Русија за прекин на огнот.
Високиот совет на државата, кој е еден од легитимните владини институции во Либија, одговори позитивно на прекинот на огнот.
Од друга страна, премиерот на Владата за национално единство (UMH), Фајиз ес-Серак, кој има меѓународен легитимитет, во писмената изјава рече дека ќе го поддржат секој сериозен повик за повторно започнување на политичкиот процес, оддалечување од војната и поддршка на процесот на Конференцијата во Берлин.
По изјавата на генералот пучист Калифа Хафтар, дека го отфрла повикот за прекин на огнот, во главниот град Триполи почнаа да се слушаат експлозии.