Aydoğan Kalabalık
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либискиот Парламент во Триполи ги осуди изјавите на египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси за воена интервенција во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Парламентот се истакнува дека алудирањето за воена интервенција на Сиси во Либија е отворена закана за суверенитетот и безбедноста на Либија.
Во соопштението се потсетува дека Сиси на почетокот на либиската криза се опишувал како медијатор и се истакнува: „Ние најостро ги осудуваме изјавите на египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси, кои алудираат на воена интервенција во Либија.“
„Заканата за интервенција на Египет во Либија „под маската на самоодбрана“ е закана за безбедноста на Либија“, се додава во соопштението и се нагласува дека режимот на Сиси има непријателски ставови кои им штетат на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Либија.
Меѓу другото, се наведува и дека ќе бидат земени предвид сите сериозни обиди за мир без оглед од каде доаѓаат.
„Зборовите на Сиси се доказ дека администрацијата на Египет е страна во Либија и дека е дел од проблемот“, се заклучува во соопштението на либискиот Парламент.