Mücahit Aydemir
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку пет лица се повредени откако милицијата на Хафтар отвори оган кон демонстрантите што протестираа поради влошените услови за живот во градот Мерџ во северозападна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според либиската телевизија „February“ демонстрантите што излегоа на улиците во градовите Бенгази, Мерџ и Бејда во текот на ноќта, протестираа против влошените услови за живот, прекините на електричната енергија, корупцијата и зголемувањето на трошоците за живот.
Најмалку пет лица се повредени како резултат на отворањето оган од милицијата на Хафтар кон демонстрантите пред зградата на полицијата во градот Мерџ.
Во Бенгази, опожарена е таканаречената владина зграда поврзана со силите на Хафтар.
Сите градови во Либија, земјата со најголемите резерви на нафта на африканскиот континент, имаа прекини на електричната енергија до 20 часа на ден.
Во Либија, Калифа Хафтар од јануари ги држи затворени нафтените извори и постројките во источните делови на земјата.
Бидејќи милициите на Хафтар го запреа производството и извозот на нафта, Либија е лишена од приходите од нафтата, кои сочинуваат над 90 проценти од нејзината економија.
Со тоа земјата претрпе загуба од скоро 10 милијарди долари од почетокот на годинава.