Sümeyye Özer
02 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Единиците на меѓународно признаената Влада за национално единство на Либија, го одвратија нападот на силите на генералот пучист, Калифа Хафтар, јужно од Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа ел Меџеи, портпаролот на операцијата „Бурхан ал Гадаб“, кој ја води Владата за национално единство (UMH) на Либија, во изјавата за АА истакна дека силите на Хафтар извршиле воздушен и копнен напад во регионот Салахадин, јужно од Триполи.
Меџеи, истакнувајќи дека единиците на Владата за национално единство го одвратиле нападот, рече дека кампот Ет Такбали бил преземен под целосна контрола и дека милициите на Хафтар претрпеле големи загуби.
На 4 април, Хафтар, кој командува со силите со седиште во источна Либија, нареди започнување операција за заземање на главниот град Триполи и тврдеше дека градот ќе го заземат за 48 часа.
Потоа, единиците на меѓународно признаената Влада за национално единство ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“.
Не можејќи да ја постигне својата цел, Хафтар на 12 декември нареди нов напад на Триполи со операција насловена како „Одлучувачка војна“.
Како одговор на нападот на пучистот Хафтар, беше најавена мобилизација во 10 градови, на чело со градот Мистрата, во западниот дел на земјата.