Faruk Zorlu
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Меѓународниот либиски аеродром „Митига“ во главниот град Триполи беше цел на воздушни напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во свое соопштение Владата на национално единство, поддржана од Обединетите нации (ОН), изјави дека воените авиони кои извршија напад врз аеродромот биле управувани од силите лојални на генералот Халифа Хафтар.
Земјата на која припаѓаат воените авиони не може да се идентификува, иако Владата на национално единство се сомнева дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги извеле нападите.
Владата на национално единство ги обвини ОАЕ за поддржување на силите на Хафтар, што Абу Даби го негираше во неколку наврати.
Аеродромот „Митига“ е лоциран 8 километри од центарот на градот Триполи и е единствениот отворен аеродром во главниот град.
Честопати аеродромот е затворан поради нападите од страна на силите поврзани со Хафтар.
Кога летовите на Меѓународниот либиски аеродром „Митига“ се запрени, тогаш се префрлаат на Меѓународниот аеродром „Мисрата“ во северозападна Либија.
Силите лојални на Хафтар во април започнаа кампања за заземање на Триполи од силите поврзани со Владата на национално единство.
Според податоците на Светската здравствена организација (WHO), во судирите меѓу двете страни загинале над 1.000 лица, а околу 5.500 се повредени.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.
Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.