İbrahim Halil Çekici
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) . Зехра Јамач (30), повредена во утринската експлозија на истанбулскиот аеродром "Сабиха Ѓокчен", почина како резултат од здобиените повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај сите напори на лекарите, Јамач почина во Универзитетската болница "Мармара".
Второто лице повредено во експлозијата, Џанан Челик Бургуџу (33) се наоѓа на лечење.
Според соопштението од полицијата, експлозијата се случила на еден дел на пистата во 02:00 часот по полноќ, по локално време, а повредени се две лица. На аеродромот се наоѓаат голем број полициски екипи. Полициски хеликоптери пружаат поддршка од воздух.
Истрагата за експлозијата е во тек.