Enes Canlı
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Постојаниот претставник на Либија во Обединетите нации (ОН), Тахир ес-Суни, од Обединетите нации (ОН) побара истрага за 106-те мртви тела, меѓу кои и на жени и деца, пронајдени во една болница во градот Тархуна, кој либиската Војска го ослободи од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата објавена на неговиот официјален профил на социјалните медиуми, Суни рече дека во телефонскиот разговор со заменик генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари ди Карло, побарал Обединетите нации (ОН) да започнат итна истрага поврзана ‘со мртвите 106 тела, меѓу кои и на жени и деца, некои од нив убиени со пукање во глава‘, пронајдени во една болница во градот Тархуна.
Емин ел Хашими, потсекретар на либиското Министерство за здравство, во изјавата објавена на неговиот профил на социјалните мрежи истакна дека има знаци за извршена тортура на повеќето мртви тела, вклучително и на жените и децата.